 
            
       За Претпријатието
Основач на ЈП за комунални дејности и инфраструктура "Кратово" од Кратово е Советот на општина Кратово.
 ЈП е основано со Одлука на советот на Општина Кратово бр.07-485/1 од 15.03.2010 година. 
ЈП во рамките на својот делокруг на работењето ги врши следните дејности: 
 Основна дејност е собирање на безоспасен отпад.
ЈП  врши и одржување на  хигиената на јавните сообраќајни површини на територијата на општина Кратово.
Други надлежности на ЈП Кратово се:  
- Управување со гробишта
- Управување со градскиот зелен пазар
- Одржување на улично осветлување
- одржување, поправка на улици, патишта, комунални системи, сечење на дрво на јавни површини, украсување на градот и слично
 
                
		 
				   	       	 
		 
			 
		